Студиска посета Австрија

 

Во рамки на проект: “Инклузивен пазар на труд за одржлив развој на заедницата“ здруженијата Хуманост и Еко Логик ја остварија првата студиска посета во Австрија.

Здруженијата Еко Логик и  Хуманост за време на првата студиска посета посетија вкупно три невладини организации од Грац и Трофајак и остварија состанок со две интернационални органзации- експерти.

* Грац

03.05.2018.- Интернационален состанок

Во рамките на оваа посета првиот ден се оствари средба со неколку консултанти и едукатори, претставници на организациите UniT – Австрија, Mhtconsult – Данска и VNB – Германија.

Темата на состанокот беше одржливост во работењето каде што беа   споделени искуствата на организациите во полето на вработувањето, одржливоста  и развивање на едукативните програми кои се во корист на невработени млади, возрасни и припадници на маргинализираните заедници.

 

04.05.2018 Состанок со интернационалните ексерти од организациите Mhtconsult – Данска и VNB – Германија

Вториот ден од посетата на состанокот со Mhtconsult – Данска и VNB – Германија беа тестирани алатки за одржливост со цел да се провери интересот за примена на ваков тип на алатки во едукативниот процес. Алатките кои се креирани даваат одлични резултати за партиципативен пристап и воедно се увиде дека истите даваат и добри резултати. Алатките беа тестирани од страна на сите присутни каде што беше предложено од страна на експертите истите да се земат во предвид при спроведување на едукативните програми.

 

04.05.2018 Состанок со организацијата UniT – Австрија

Состанокот беше наменет за споделување на позитивните искуства и пракси на организацијата UniT – Австрија за спроведување на образовни програми за млади, самохрани родители, бегалци и магинализирани групи на граѓани.

Целта е овие лица да се интегрираат пред се во општеството и воедно да се овозможи нивна инклузија на пазарот на трудот. Оваа организација посветено работи и во давање на континуриана помош и поддршка на овие групи и воедно лицата имаат можности за полесна интеграција по посетување на овие програми стекнувајќи се со нови вештини и компетенции.

 

05.05.2018 -Состанок со организацијата Verein InterAction – Австрија

На состанокот беа споделени искуствата на организацијата во работата со млади лица, едукација и теми поврзани со одржлив развој. Организацијата ги сподели позитивните искуства за работата на младите лица во делот на одржлив развој, економија и промовирање на зелените работни места. Организацијата има искуство во спроведување на повеќе проекти на оваа тема и со нас ги споделија позтивните резултати добиени од овие проекти и примената на истите во секојдневието и заедницата.

 

05.05.2018- Состанок со Talente – Австрија.

Talente – Австрија е институција која работи на поддршка и едукација на млади од различни етнички групи и бегалци.

Организацијата покрај пружањето на психо-социјална поддршка на овие категории на граѓани, врши и едукација во два дела и тоа учење на јазик како и стекнување со основни вештини во делот на интеграција и полесно вработување. За таа цел тие имаат неколку месечна програма каде што младите се стекнуваат со основни вештини за  нивно полесно вработување (теоретски дел) и примена на истите во локални компании  (практичен дел).

По споделувањето на позитивните резултати од имплементацијата на оваа програма го посетивме и центарот за бегалци со кој го раководи оваа институција.

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *