Повик за учество во во анализата на Стратегиите за стари лица, млади, и намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост

Здруженијата  Еко Логик и Хуманост  во период од 18 месеци, почнувајќи од 19-ти декември започнаа со спроведување на проектот “Инклузивен пазар на труд за одржлив развој на заедницата“, кој е финансиран од Европската Унија, преку Сектор за централно финансирање и склучување договори (ЦФЦД) при Министерството за финансии на Република Македонија.

Една од активностите од овој проект е активно вклучување на граѓанските организации  во анализата на државните документи односно  Стратегиите за стари лица, млади, и намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост. (повик за учество)

Процесот е поддржан од страна на Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

  1. Анализа на стратегијата за стари лица

Превземи: Стартегија за стари лица

Превземи: Документ за Анализа на Национална стратегија за стари лица 2010-2020 (1)

2. Анализа на стартегијата за намалување на сиромаштијата и социјална исклученост

Превземи: Стратегија за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост 2010-2020

Превземи: Документ за Анализа на Национална стратегија за намалување на сиромаштија и социјaлна исклученост во Република Македонија 2010

3. Анализа на стратегијата за млади 2016-2025

Превземи: Стратегија за млади 

Превземи: Докумт за Анализа на Национална стратегија за млади (2016 – 2025)

Важно: Секоја организацијата која ќе се вклучи во анализата на една од овие три  стратегии потребно е да ја опфати само онаа тематска област која е приоритетно поле на делување и работа на самата организација.

Доколку организацијата има желба  и сметате дека можете да опфатите повеќе приоритетни области , тоа би било од огромно значење за нас.

Отоврениот процес за анализа на стрaтeгиите е од 26.03.2018 до 10.04.2018 година.

Вашите коментари и предлози би ве замолиле да ги препратите на следните е-адреси:  ecologic.mk@gmail.com  и sashejovanov@humanost.org.mk

За дополнителни прашања можете да се обратите до контакт лицата:

Никола Нешкоски, телефон: 02 6091 961 и 078 365 902

Сашко Јованов, телефон: 02 6091 961 и 077 963 672

 

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *