ОКР- ОБУКА ЗА НЕГУВАТЕЛИ/КИ ЗА СТАРИ ЛИЦА

Во периодот од октомври до декември 2020 година во рамки на програмата „Општинско-корисна работа„ поддржано од УНДП, здружението во општините Берово и Пехчево вршеше обука и сертифицирање на 22 учесници на обуката и идни сертифицирани негуватели/ки.

Самата програма „Негувател/ка за стари лица“ има за цел да ги сертифицира идни негуватели/ки воедно да истите се стекна со професионални вештини и компетенции за испорака на оваа услуга во домот кон крајните корисници:

Услугата помош и нега во домот е насочена кон:

 

  1. Помош при одржување на домот
  • Подготвување на работно место, набавка и приготвување на храна
  • Местење на кревет и одржување на постелнина и облека
  • Одржување на хигиена во домот на старото лице
  1. Помош и поддршка во извршување на дневните активности на старите лица
  • Помагање при одржување на лична хигиена
  • Подготвување на оброци и помагање при хранење
  • Помагање при облекување
  • Помагање при транспорт и престој надвор од домот
  1. Примена на основни здравствени правила и процедури кај старите лица
  • Идентификување на основни симптоми на болести карактеристични кај старите лица
  • Основни познавања на инфекции и правилно изведува дезинфекција
  • Превземање на активности при постоење на болест кај старото лице по налог од стручно лице, лекар, медицинска сестра
  • Помагање при набавка и примање на редовна терапија
  • Користење заштитни средства и опрема
  1. Социјална заштита и психо-социјална поддршка на старите лица
  • Применување на прописи од системот за социјална заштита на стари лица
  • Воочување на промени во средината и однесувањето на старото лице во насока на избегнување на ризици од злоупотреби и заболувања
  • Поттикнување и одржување на интелектуални и когнитивни моторни активности со цел да се поттикне самостојност кај старите лица
  • Комуникација, социјализација, активација

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *