Оглас за вработување на двајца (2) координатори на услуги во станбени единици за поддржано живеење (мали станбени единиц) во општина Демир Капија

„Хуманост“ во моментов вработува двајца (2) координатори на услуги кои ќе работат со полно работно време во двете (2) мали станбени единици што ќе работат од  септември/октомври 2021 година, т.е. по еден координатор на мала станбена единица по 5 лица корисници на услугата со интелектуална попреченост.

Вработувањето ќе се изврши врз основа на договор за проект за периодот септември/ октомври  2021 година – јануари 2023 година (или дополнително продолжување за 6 месеци доколку ЕК одобри продолжување на проектот). По завршувањето на проектот, Здружението Хуманост ќе изврши проценка на потребните позиции во согласност со Правилникот за социјални услуги на Министерството за труд и социјална политика (МТСП) на Република Северна Македонија, за продолжување или скратување на работната позиција.

Аплицирање/Пријавување

Ги повикуваме кандидатите да достават целосна биографија на македонски јазик до 30/06/2021 на contact@humanost.org.mk

Сите пријави ќе се сметаат за доверливи, во согласност со барањата за заштита на личните податоци.    

За повеќе информации превземете го Оглас за вработување на коориднатори на услуга-Демир Капија

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *