Певземи: Јавен повик
Здружението за поддршка и развој Хуманост во соработка со Канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА во Северна Македонија, започна со реализација на проектот ак „„Поддршка поврзана со КОВИД-19, која се фокусира на старите лица “, дел од имплементирање на активностите поврзани со КОВИД-19.
Со цел имплементација на активностите зацртани во планот за поддршка и заштита на возрасните и лицата со попреченост од пандемијата предизвикана од корона вирусот КОВИД-19, сместени во установи за заштита на старите лица во Скопје, Куманово, Прилеп и Битола како и ЈУ Специјалниот завод Демир Капија, здружението Хуманост објавува јавен повик за прибирање на понуди за набавка на санитарни средства и течен сапун.
Право на учество имаат сите правни лица кои поседуваат сертификати за следните продукти:
- Техничка спецификација на санитарни средства
Количина: во зависност од понудената цена
Карактеристики:
– Санитарно средство за секојдневна употреба и бришење на тоалети и мијалници
– Санитарно средство за секојдневна употреба и бришење на подови, ѕидни и подни плочки
- Техничка спецификација на течен сапун
Количина: во зависност од понудената цена
Карактеристики:
- максимална дерматолошка заштита кој содржи 5,5 РН вредност
Документи за пријавување
За пријавување на правното лице треба да се достават следните документи:
- Финансиска понуда со цена за продуктот/услугата изразена без ДДВ (проектот е ослободен од плаќање на ДДВ), препратена со соодветниот сертификат за продуктот.
- Начин на пријавување
Потребната документација треба да се достави во електронска верзија на е-адресата sashejovanov@humanost.org.mk и/или во печатена верзија (лично или по пошта) на ул. Бранислав Нушиќ 13-1/17, Скопје, најдоцна до 07.10.2020 година.