Јавен повик за нега на стари лица во домашни услови.

 

 

 

Здружението за поддршка и развој Хуманост во соработка со Град Скопје, преку проектот Општинско-корисна работа објавува повик за обезбедување на нега на 30 стари лица во домашни услови.

Општи услови:

  1. – лицата што аплицираат да се на возраст над 60 години
  2. – лицата што аплицираат да се жители на Град Скопје
  3. – лицата што аплицираат да имаат потреба од помош и поддршка/ нега во домашни услови

Негата од страна на негувател/ка во домашни услови е насочена кон:

  • Помагање во одржување на домот (чистење, готвење, пазарење, перење, пеглање)
  • Поддршка во извршување на секојдневните активности ( прошетка, социјализација, одржување на лична хигиена кај корисникот)
  • Промена на ергономски и медицински принципи во секојдневните активности (лесна масажа и вежби, комуникација со матичен лекар, придружба при рутински контроли и матичен лекар, мерење притисок, набавка на лекови).

Период и начин на користење на услугата:

  • Услугата за старите лица е бесплатна
  • Посета два до три пати неделно од страна на негувател/ка, согласно индивидуалните потреби, во временски период од шест месеци

Потребна документација:

По пат на електронска пошта заитерисраните стари лица треба да  поднесат:

– Апликација

– Фотокопија од лична карта

– Фотокопија од потврда за примена пензија од предходен месец

– Фотокопија од медицински документ за здравствената состојба на лицето-барател

Се повикуваат сите заинтересирани стари лица што ги исполнуваат условите да се пријават на телефон  077 963 672 и воедно да аплицраат заедно со пропратните документи на е-маил  servis@humanost.org.mk .

Повикот е отворен  се до потполнување на бројот на старите лица.

Превземи:  Јавен повик

Превземи: Апликација/Барање

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *