Превземи: Јавен повик
Здружението за подршка и развој Хуманост во соработка со Канцеларијата на УНФПА, Скопје објавува повик за консултант/експерт за изработка на Протокол за работа на Специјалниот завод Демир Капија во услови на епидемија на КОВИД-19, дел од имплементирање на активностите поврзани со КОВИД-19.
Право на учество имаат сите физички лица кои ги исполнуваат следните услови од овој повик:
1. Завршено високо образование(BBC), насока специјална едукација и рехабилитација (дефектологија), социјална работа и социјална политика или друго релевантно завршено образование поврзано со потребите на самиот повик. Повисок степен на образование во овие области ќе се смета за предност.
2. Релеватно познавање на системот на социјална и здраствена заштита, националната регулатива како и познавање на меѓународните и националните документи поврзани со целната група.
3. Најмалку 5 годишно искуство во развивање, организирање, спроведување и олеснување/фасцилитирање на обуки и работилници за стручниот персонал во системот на социјална заштита,
4. Способност да се користат различни техники и методи на комуникација со лица со телесна, ментална, интелектуална и комбинирана попреченост и други ранливи групи граѓани.
5. Искуство во анализа на постојаните модели на функционирање и организација на работа на установите за социјална заштита за лица со попреченост и нивна интерпретација.
6. Искуство во следење, евалуација и супервизија на професионалната работа во установите за социјална заштита за лица со попреченост, особено во периодот на вонредната состојба и целокупното справување со епидемијата на заразната болест КОВИД – 19.
7. Учество во проекти на ЕУ, соработка со агенции на ООН во Северна Македонија и меѓународни експерти.
8. Одлично познавање на англиски јазик.
9. Познавање и користење на повеќебројни платформи за дигитална комуникација, интеракција, одржување и учество на различни настани.
Работни задачи:
• Изработка на протокол за работа на ЈУ Специјален Завод Демир Капија во услови на епидемија со заразна болест (КОВИД-19).
• Анализа на одлуки, препораки, одредби, протоколи и останати пишани документи издадени од Владата на Република Северна Македонија, надлежните министерства и институции во однос на справувањето со корона вирусот, кои се релевантни за изработката на Протоколот за работа на ЈУ Специјален Завод Демир Капија во услови на епидемија со заразна болест (КОВИД-19).
• Анализа на препораки, протоколи и документи наменети за целната група од страна на Светската здравствена организација како и останати релевантни меѓународни организации.
• Подготовка на стандарди и процедури за работа на професионалци во установите за социјална заштита и овластени даватели на социјални услуги, во услови на епидемија со заразна болест (КОВИД-19). (би го избришала)
• Вмрежување и остварување на соработка со сите засегнати страни во процесот на изготвување на Протоколот и вклучување во самиот процес согласно нивната експертиза.
• Организација на состаноци поврзани со процесот на креирање на Протоколот со тимот за координација и претставници од ЈУ Специјалниот Завод Демир Капија.
Повеќе информации за јавниот повик кликнете на линкот Јавен повик