Јавен повик за ангажирање на четири обучувачи за спроведување на обуки за стручно образование базирани на креирана образовна програма “Асистент за нега на лица со деменција- Алцхајмерова болест и интелектуални попречености”

ПРЕВЗЕМИ: Јавен повик

Здружението на граѓани “Еко Логик“ и здружението “Хуманост“ во период од 18 месеци, почнувајќи од 19-ти декември започнаа со спроведување на проектот “Инклузивен пазар на труд за одржлив развој на заедницата“, кој е финансиран од Европската Унија, преку Сектор за централно финансирање и склучување договори (ЦФЦД) при Министерството за финансии на Република Македонија.

  1. Краток опис на проектот

Предложената акција се фокусира на две различни професии преку создавање на две нови програми за стручно образование и обука, и ќе се надополни една постоечка програма за стручно образование и обука со комбинирање на две компоненти, помош    на стари лица во домашни услови и одржливост во домовите. Темите кои се насочени во акцијата се наменети за истата целна група, млади невработени лица, мажи и жени, вклучувајќи и млади луѓе од маргинализирани групи.

  1. Цели на проектот
  • Генерална цел:
  • Подобрување на државни насоки и политики поврзани со невработеност на млади, социјални услуги и претпримеништво, и давање на насоки за нивно доближување кон тековни сродни ЕУ насоки и политики, преку остварување на клучен дијалог со политички актери, граѓански организации, бизнис заедница и други

Специфични цели:

Цел 1: Вклучувањена граѓански организации во процесот на креирање на насоки и политики, како и подобрување и предложување на реформи во приоритетни сектори на теми вон-институционална грижа и социјални услуги за стари лица, како и одржливост и животна средина.

Цел 2: Усогласување на вештините на младите луѓе со потребите на пазарот на трудот, во согласност со најдобрите практики достапни во ЕУ.

Цел 3: Започнување на клучен дијалог со политички актери, бизнис заедница и граѓански организации со цел детерминирање на нивната улога во овозможување на одржливост и инклузија, преку иновативен и партиципативен пристап.

Цел 4: Обезбедување на поатрактивно образование и тренинг програми преку креирање и користење на ИКТ базирани методологии кои ќе водат кон подобрување на процесите на препознавање и валидација на компетенции и вештини.

Во рамките на проектот предвидено е одржување на обука на 20 учесници, базирана на претходно креирана  образовна програма за образование на возрасни со назив „Асистент за нега на лица со деменција- Алцхајмерова болест и интелектуални попречености“ во која се се застапени како предавања во теоретскиот дел  следните тематски области/единици:

  • Системот на социјална заштита како основа за заштита на лицата со деменција и интелктуални попречености;
  • Стандарди за работа во дом и институција;
  • План за работа со корисникот;
  • Демнција-деменција кај Алцхајмеровата болест и други видови демнции;
  • Активности кај лица со деменција- Алцхајмерова деменција;
  • Подготовка на работно место и органзиација на работа;
  • Нега на корисник;
  • Здраствена заштита;
  • Комуникација;
  • Дефинирање на попреченоста;
  • Основни познавања за интелектуалната попреченост;
  • Поддршка на деца и лица со интелектуална попреченост;
  • Специфичности во комуникација со лица со интелектуална попреченост:

Со цел имплементација на оваа фаза од проектот, Здружението за поддршка и развој Хуманост објавува јавен повик за ангажирање на четири обучувачи за спроведување на поединечни  тематски области/единици од образовната програма “Асистент за нега на лица со деменција- Алцхајмерова болест и интелектуални попречености“ определени според образовната програма наведени погоре

Работни задачи на обучувачите

Ангажираните обучувачи кои ќе учествувава во спроведување на обуката за  горенаведената образовна програма на  истите  ќе треба да ги извршуваат следните работни задачи:

  • Учество во редовните координативни состаноци со проектниот персонал и другите експерти;
  • Подготовка на план за испорака на посебната образовна проеграма според тематските области/ единици;
  • Способности за планирање и организација на обуката;
  • Подготовка на презентации за предавање за тематските области/единици;
  • Подготовка на студии на случај кои ќе бидат решавани од страна на учесниците во делот за оценување на стекнатот знаење;
  • Комуникација со учесниците и нивно анимирање за време на обуката;
  • Водење на дневна евиденција на учесниците на обуката;
  • Подготовка на дневни извештаи или извештаи за секоја тематска област/единица;
  • Подготовка на финалниот тест за секој од тематската област/единица;
  • Испорака на обуката во превидениот термин според динамиката и планот за сроведување на обуката од страна на проектниот тим за тематските области/единици

Останатите потребни информации како и потребната документација (кратка биографија, мотивационо писмо и финасиска понуда) ќе ги најдете во самиот повик на линкот погоре.

Краен рок за доставување на документацијата е најдоцна до 10.07.2018 година до 17.00 часот

 

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *