Јавен повик за ангажирање на специјалист за социјални медиуми за потребите на социјалното претриајтие ХуманаС

 

 

 

 

До: Сите заинтересирани страни                                                                      Број 0302- 107

Дата: 05.11.2018

Превземи Јавен повик

Предмет: Јавен повик за ангажирање на  специјалист за социјални медиуми за потребите на социјалното претриајтие ХуманаС

Здружението Хуманост почнувајќи од  јануари па се до декември 2018 година започнаа со спроведување на старт уп поддршката за реалзиација на бизнис планот за социјалното претриајтие ХуманаС.  Старт уп грантот е дел од проектот Смарт Стар, поддржан од Европската унија и во реалзиација на Центарот за истражување и креирање на политики (ЦРПМ).

  1. Краток опис на социјалното претријатие

Социјално претпријатие  ХуманаС претставува сервис за нега на стари лица, лица со попреченост,  во домашни услови (палијативна нега) без оглед на нивниот здравствен и социјален статус.

Мисија на социјалното претпријатие:

Подобрување на општествените процеси и состојби преку обезбедување на професионална грижа и нега на стари лица во домашни услови  и овозможување социјална инклузија и работни места за лицата во социјален ризик и долгорочно невработените лица.

Со цел имплементација на  активноста за видливост на социјалното претријатие ХуманаС, здружението  Хуманост објавува јавен повик за ангажирање на специјалист за социјални медиуми.

  1. Работни задачи на специјалистот

Ангажираниот  специјалист за социјални медиуми во рамките на проектот ќе треба да ги извршува следните работни задачи:

– Подготовка на план за промоција

– Одржување на профилот на претпријатието „ХуманаС “на социјални медиуми (Facebook);

– Креирање на содржини (текст, слики или видео) за профилот на претријатието;

– Објава на тековни активности;

– Спроведување на кампањи и реклами на профилот на претријатието;

– Истражување на трендови и соодветна адаптација на комуникацијата;

– Изработка на месечни извештаи за следење на состојбата со бројот на следбеници на профилот, лајкови, коментари и споделувања на објавите и сл.;

– Изработка на извештаи за резултати од платени реклами;

– Соработка со проектниот тим за дефинирање на содржината на објавите.

III. Квалификации на  специјалистот

– Искуство од најмалку 2 години во областа на маркетинг на социјални медиуми;

– Одлично владеење на англиски јазик;

– Одлични комуникациски вештини;

– Ориентираност кон остварување на резултати;

– Желба за професионална надградба и континуирано учење;

– Познавање на Adobe Photoshop;

– Познавање на Adobe Ilustrator.

  1. I Времетраење

За реализација на потребните работни задачи специјалистот ќе биде ангажиран  од  10.11.2018 до 10.01.2019.

  1. Надоместок на специјалистот

Ангажираниот специјалист ќе склучи договор на дело во кое ќе се регулираат работните задачи на специјалистот и висината на авторскиот надоместок. По исполнувањето на работните задачи специјалистот ќе добие авторски надоместок за испорачаните активности.

  1. Документи за пријавување

За пријавување за специјалист треба да се достават следните документи:

– Кратка биографија кoja содржи соодветни квалификации и искуство ;

– Финансиска понуда со цена за изработка на продуктот/услугата изразена без ДДВ (проектот е ослободен од плаќање на ДДВ), пропратена со наративен опис;

VII. Начин на пријавување

Потребната документација треба да се достави во електронска верзија на е-маил адресата sashejovanov@humanost.org.mk. или во печатена верзија (лично или по пошта) на ул. Бранислав Нушиќ 13-1/17, Скопје, најдоцна до 09.11.2018 година.

VIII. Дополнителни информации

Дополнителни информации за повикот за специјалисти можете да добиете во на канцелариите на здружение Хуманост во Скопје, на телефонските броеви 02/ 5112 716 и 072 229 418 или електронски на е-маил адресата sashejovanov@humanost.org.mk

 

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *