Превзими: Јавен повик
1. Краток опис на проектот
Здружението на граѓани “Еко Логик“ и здружението “Хуманост“ почнувајќи од 19-ти декември 2017 година започнаа со спроведување на проектот “Инклузивен пазар на труд за одржлив развој на заедницата“, кој е финансиран од Европската Унија, преку Сектор за централно финансирање и склучување договори (ЦФЦД) при Министерството за финансии на Република Македонија.
Предложената акција се фокусира на унапредување на две различни професии преку создавање на две нови програми за стручно образование и обука, една програма за обучувачи за помош на стари лица во домашни услови и друга за аналитичари за одржлив развој. Темите кои се насочени во акцијата се наменети за истата целна група, млади невработени лица, мажи и жени, вклучувајќи и млади луѓе од маргинализирани групи.
2. Цели на проектот
- Генерална цел:
Подобрување на државни насоки и политики поврзани со невработеност на млади, социјални услуги и претпримеништво, и давање на насоки за нивно доближување кон тековни сродни ЕУ насоки и политики, преку остварување на клучен дијалог со политички актери, граѓански организации, бизнис заедница и други.
Специфични цели:
Цел 1: Вклучувањена граѓански организации во процесот на креирање на насоки и политики, како и подобрување и предложување на реформи во приоритетни сектори на теми вон-институционална грижа и социјални услуги за стари лица, како и одржливост и животна средина.
Цел 2: Усогласување на вештините на младите луѓе со потребите на пазарот на трудот, во согласност со најдобрите практики достапни во ЕУ.
Цел 3: Започнување на клучен дијалог со политички актери, бизнис заедница и граѓански организации со цел детерминирање на нивната улога во овозможување на одржливост и инклузија, преку иновативен и партиципативен пристап.
Цел 4: Обезбедување на поатрактивно образование и тренинг програми преку креирање и користење на ИКТ базирани методологии кои ќе водат кон подобрување на процесите на препознавање и валидација на компетенции и вештини.
Во рамките на проектот предвидено е графички дизајн, техничка обработка, лектура и печатење на прирачникот за спроведување на обуката за „Асистенти за нега на лица со деменција-Алцхајмерова болест и интелектуални попречености “. Со цел имплементација на оваа фаза од проектот, здружението Хуманост објавувa јавен повик за ангажирање на правни лица за изработка на посакуваниот продукт.
3. Обем и карактеристики на прирачникот
- Димензии 165х235 мм тврд повез
- Обем: 144 стр. + корица
- Внатрешни страни: 90 гр. кунздрук, печат: 4/4
- Корица: 135 гр. кунздрук, печат : 4/0 +пластификат
- Каширање на сива лепенка
- Доработка : шиење
4. Работни задачи на правното лице
Ангажираното правно лице ќе треба да ги извршува следните работни задачи:
- Графички дизајн на прирачникот (најмалку доставени три дизајна)
- Технича обработка на текстот во прирачникот
- Лектура на текстот во прирачникот
- Печатење на прирачникот во 250 копии
- Соработка со проектниот тим
Останатите потребни информации како и потребната документација (финасиска понуда) ќе ги најдете во самиот повик на линкот погоре.
Краен рок за доставување на документацијата е најдоцна до 14.04.2019 година