Превземи: Јавен повик
Здружението на граѓани “Еко Логик“ и здружението “Хуманост“ почнувајќи од 19-ти декември 2017 година започнаа со спроведување на проектот “Инклузивен пазар на труд за одржлив развој на заедницата“, кој е финансиран од Европската Унија, преку Сектор за централно финансирање и склучување договори (ЦФЦД) при Министерството за финансии на Република Македонија.
- Краток опис на проектот
Предложената акција се фокусира на унапредување на две различни професии преку создавање на две нови програми за стручно образование и обука, една програма за обучувачи за помош на стари лица во домашни услови и друга за аналитичари за одржлив развој. Темите кои се насочени во акцијата се наменети за истата целна група, млади невработени лица, мажи и жени, вклучувајќи и млади луѓе од маргинализирани групи.
- Цели на проектот
- Генерална цел:
- Подобрување на државни насоки и политики поврзани со невработеност на млади, социјални услуги и претпримеништво, и давање на насоки за нивно доближување кон тековни сродни ЕУ насоки и политики, преку остварување на клучен дијалог со политички актери, граѓански организации, бизнис заедница и други.
Специфични цели:
Цел 1: Вклучување на граѓански организации во процесот на креирање на насоки и политики, како и подобрување и предложување на реформи во приоритетни сектори на теми вон-институционална грижа и социјални услуги за стари лица, како и одржливост и животна средина.
Цел 2: Усогласување на вештините на младите луѓе со потребите на пазарот на трудот, во согласност со најдобрите практики достапни во ЕУ.
Цел 3: Започнување на клучен дијалог со политички актери, бизнис заедница и граѓански организации со цел детерминирање на нивната улога во овозможување на одржливост и инклузија, преку иновативен и партиципативен пристап.
Цел 4: Обезбедување на поатрактивно образование и тренинг програми преку креирање и користење на ИКТ базирани методологии кои ќе водат кон подобрување на процесите на препознавање и валидација на компетенции и вештини.
Со цел имплементација на оваа фаза од проектот, здружението Хуманост објавува јавен повик за ангажирање на експерт/советник вклучување во тековните проектни активности.
- Работни задачи на експерт/советник
Ангажираниот експерт кој ќе учествува во тековните активности на проектот ќе треба да ги извршува следните работни задачи:
- Присуство на консултациски средби со тимот на Хуманост на кои ќе се дискутира за тековниот напредок на проектот, идни активности;
- Вклученост во подготовка на документ за анализа и коментирање на “ Стратегиите за стари лица и намалување на сиромаштија и социјалната усклученост;
- Соработка и вклученост со експертите за креирање на програмата и прирачникот за обуки „Асистент за нега на лица со деменција- Алцхајмерова деменција и интелектуални попречености“.
- Присуство на обуки за “Асистент за нега на лица со деменција- Алцхајмерова деменција и интелектуални попречености “ и подготовка на евалуациска и мониторинг документација која ќе се пополни во соработка со проектниот тим на Хуманост
- Комуникација со учесниците на обуките (20 луѓе) и нивна координација и информирање за текот на обуките, динамиката на предавања,евиденција;
- Предложување на листа на потенцијални клучни засегнати страни со цел нивно вклучување во проектните активности (пример: мали и средни претпријатија, здруженија на граѓани, и др.), како и остварување комуникација со истите.
Останатите потребни информации како и потребната документација (кратка биографија, мотивационо писмо и финасиска понуда) ќе ги најдете во самиот повик на линкот погоре.
Краем рок за доставување на документацијата е најдоцна до 10.04.2018 година до 17.00 часот