Јавен оглас за пријавуавње за обука за стручно образование базирани на креирана образовна програма „Негувател/ка за стари лица “.

Превземи: Јавен повик_обука

Превземи: Пријава_повик_обука

До: Сите заинтересирани страни                                                                                                                     Број:0302-82

Дата: 07.12.2020

Предмет: Јавен оглас за пријавуавње за обука за стручно образование базирани на  креирана образовна програма „Негувател/ка за стари лица “.

  1. Информации за проектот и обуката

Здружението за подршка и развој Хуманост во рамки на добиениот грант за подобрување на социјалните услуги „Воспоставување на современи социјални услуги во заедницата во општина Демир Капија (помош и нега во домот)„ финансиран од Министерството за труд и социјална политика и Светска банка во соработка со општина Демир Капија, отвара јавен повик до сите заинтересирани лица кои сакаат да се стекнат со вештини, компетенции и сертификат за „Негувател/ка  за стари лица“. Сертифицираните негуватели/ки за стари лица ќе имаат можност да работат на терен и ја испорачуваат услугата помош и нега во домот кај 20 крајни корисници од мај 2021 година.

Обуката се реализира од страна на стручни лица, со долгогодишно научно и практично искуство во секоја од предвидените модули, преку која учесниците можат да се стекнат со практични и теоретски знаења, вештини и компетенции за „Негувател/ка за стари лица“. По завршување на едукативниот  и практичниот дел, се врши проверка на стекнатите знаење, со што учесниците се стекнуваат со сертификат признает на државно ниво за стекнати компетенции како  „Негувател/ка за стари лица “.

II. Програма за обуката:

Програмата се состои од 5 модули  (преку теоретски, практичен дел ) и тоа 90 часа теорија, 180 часа пракса и 30 часа оценување или вкупно 300 часа.

Програмата „Негувател/ка за стари лица е базирана на посебна програма за образование на возрасните, верифицирана од страна на Министерството за образование и наука и Центарот за образование на возрасните.

III. Квалификации на учесниците

Кандидатките треба да ги исполнуваат следните општи услови:

  • Завршено најмалку основно образование
  • Да се на возраст над 18 години

IV. Времетраење на обуката

Обуката ќе се реалзира во периодот  од  јануари до март 2021 година.

V. Надоместок за обуката

Обуката и материјалите за обуката и сертификатите за избраните кандидати ќе бидат покриени од страна на организаторот.

VI. Број на учесници на обуката

Предвидениот број на учесници/чки кои ќе ја следат бесплатната обука изнесува 10 учесници.

VII. Начин на пријавување

Сите заинтересирани кандидатки/ки можат да се пријават преку пополнување на формулар кој што можат  да го подигнат во општината од контакт лицето Анета Ристова или да го симна од веб страната www.humanost.org.mk во делот Нoвости. Пополнетиот формулар се остава во општината кај контакт лице Анета Ристова.

Повикот е отворен најдоцна  до 25.12.2020 година.

Важно: Ќе бидат контактирани само кандидатите од потесен избор за сите потребни информации (динамика на обуката, започнување на обуката, место и начин на одржување на обуката).

VIII. Дополнителни информации

Дополнителни информации за повикот можете да добиете на телефонскиот број 072 229 418 или електронски на е-маил адресата sashejovanov@humanost.org.mk.

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *