Студиска посета во Србија во рамки на Регионалниот проект „Преземи акција за социјална инклузија на старите лица“.

Од 20-24 декември 2017 година во Србија, беше спроведена студиска посета за размена на искуства од реализација на активности за социјална вклученост на старите лица, во организација на Црвениот крст на Србија. Оваа посета се оствари во рамки на Регионалниот проект кој се имплементира преку Црвениот крст на Србија како проект координатор, во партнерство со Црвениот крст на Австрија, Црвениот крст на Македонија, граѓанското здружение „Хуманост“ од Македонија, Црвениот крст на Црна Гора и граѓански здруженија од Албанија и Босна и Херцеговина.  На студиската посета учествуваа претставници на проектните тимови и членки на мрежата ИнклузиваМ од Македонија, како и претставници на проектниот тим и мрежата на граѓански здруженија од Црна Гора.  Од Македонија присуствуваа претставници на проектен тим на Црвен крст на РМ, Хуманост и  Здружението за алцхајмерова болест. На 21.12.2017 година во Црвениот крст на Србија беше организиран состанок со членките на мрежата Хуманас, на кој координаторот на проектните … Continue reading Студиска посета во Србија во рамки на Регионалниот проект „Преземи акција за социјална инклузија на старите лица“.