Студиска посета во Словенија

Во рамки на проект: “Инклузивен пазар на труд за одржлив развој на заедницата“ здруженијата Хуманост и Еко Логик, во периодот од 25 јуни до 30 јуни 2018 годија,  ја остварија втората студиска посета во Словенија.

Здружението Хуманост за време на втората студиска посета посети вкупно три невладини органзиации и една институција за социјална заштита.

26.06.2017- Посета на Институцијата за социјална заштита- Дом за стари лица Тезно, Марибор.

За време на посетата на домот ТЕЗНО, беа споделени позитивните искуства и пракса на институцијата за работа на институционална  и вонинституционална социјална заштита на старите лица, лицата со деменција и Алцхајемрова болест. Домот ТЕЗНО како институција и според законот за социјална заштита во Словенија има можност да работи на двете форми на згрижување.

ТЕЗНО работи на интегриран пристап на работа со корисниците и посебни активности и пристап за работа на лица со деменција. Имплеминтирањето на интегрираниот пристап на работа овозможува инклузија на сите категории (стари лица, лица со деменција, лица со Алцхаjмерова болест и лица со секаков вид на попречености.

Сервисните услуги во Словенија (дневни центри и сервисни услуги за нега во домот се дирекно финансирани и од централната и локалната власт и истите се менаџирани од домовите за стари лица или невладините организации.

Од страна на ТЕЗНО исто така беше споделена информација за имплементирање и значењето на Е-Qulin (quality management system). Системот дава одлични резултати при работа кој подлежи на подготовка на индивидуална анализа, метод на рангирање, мерење на процесите, задоволство на вработените и задоволство на корисниците од услугата. На крај беше направена обиколка во самиот дом и поголем дел беше посветен во делот на лицата со деменции и групната терапија и нега кои се дава на овие корисници.

27.06.2017- Посета на ЗВЕЗА – Здружение за социјална герантологија, Марибор.

На посетата на ова органзиација пеа споелени добрите практики и активностите на групите за само помош. Организацијата дава поддршка на  стари лица преку организиарање на групи за само-помош низ цела Словенија. Групите се составени од двајца волонтери и 8 стари лица. Волонтерите пред да почнат да ја склопуваат групата од стари лица поминуваат обука и потоа во нивното блиско опкружување ја формираат групата од осум стари лица за само-помош. Групите се состануваат еднаш неделно во неутрална средина каде што дискутираат за одредени теми и според однапред одредена методологија. Главната цел на овие групи е да ги интегрираат  осамените старите лица во општеството и извадат од нивните домови,  но во исто време преку темите дискутираат и за одредени проблеми. Огранзиацијата има мрежа низ цела Словенија од 40 организиации и во моментот располагаат со околлу 486 групи за само-помош, офатени 5144 стари лица и 751 волонтери-супервизори.

Исто така организацијата има и групи за само-помош за долгорочно невработени лица,  подготовка за пензија, инклузија и за самиот процес на старост  и стареење.

За оваа цел е развиена програма за едукација на волонтерите-супервизори со времетраење од 12 месеци (еден ден во месоцот со времетраење од 3 часа) од теорија и пракса. Волонтерите ја делат визијата на задоволување на нематријалните вредности.Органзиаицијата како и сите активнсоти, просториите се поддржани финасиски од локалната и централната власт.

28.06,2018- Посета на здружението на млади и студенти со ивалидитет, Љубљана.

За време на посетата на оваа организација беа споделни искуствата од организирање на перосналната асистенција (лични асистенти за лица со попречености), кои се дел од оваа организација. На средбата со претставниците од оваа органзиација го разгледавме сегашниот закон за социјална заштита на Словенија, но и поддршката кои тие ја добиваат од државата. За персоналните асистенти е изготвена едукативна програма од три дела и тоа прва помош, работа со корсиник и комикација по 3 часа за секоја област во текот на годината. Платите за персоналните асистенти се обезбедени од страна на државата. По разговорот со претставниците од органзаицијата, имавме можност да го посетиме и студенскиот кампус каде што се сместени и лица со секаков вид на попречености. На самата посета имавме можност да разговараме и со корисниците и со персоналнитен асистенти за нивните искуства, обврски и активности.

29.06.2018 -Посета на органзиацијата Споменчица- Алцхајемр Словенија.

Со посетата на оваа организација добивме јасна слика за сите активности кои се организираат за помош и поддршка на лицата со Алцхајемр и воедно и поддршка на нивните семејства.

Организиацијата организира повеќе активнсоти како Алцхајемр кафе, Алцхајемер центар, едукација и СОС линија за поддршка, но и низа на проекти од страна на Еразмус + програмата.

Едукацијата се состои од обуки за семејства, институции, деца, се со цел да се запознаат со Алцхајмеровата болест и како да препознаат и пружат помош на ваквите лица. Јавната програма се состои од предавања  и тоа четири пати годишно.

Алцхајемер кафе е активност која исто така се одржува во рамки на оваа организација и  тоа во текот на годината се остваруваат 150 предавања.

Предавањата се од стручен карактер поврзани со Алцхајемровата биолест. Предавачи се иксуни професори и доктори.

Алцхајмер центарот е инфо точа каде што граѓаните добиваат информации за самата болест преку разговор или едукативни брошури. Исто ткаа во Алцхајмер центарот се одржуваат и групите за само-помош на темата која е релевантна односно- Алцхајемровата болест.

СОС линијата е наменета за давање на првана помош, информации за социјална и здраствена заштита на овие кориснции и прашања кои ги имаат семејествата или граѓаните за оваа болест. СОС линијата функционира и за тоа  доколку се најде изгубено лице со оваа болест како да се заштит и упатат до блиската полициска и станица или болница. Исто так ги посетивме Алцхајемр ценатрот и СОС линијата.



Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *