СП „ХуманаС “

Општа цел

Подобрување на социјалните процеси и услови преку обезбедување на професионална грижа за стари лица, лица со посебни потреби и лица со Алцхајмерова болест и интелектуална попреченост.

Цел на проектот

Обезбедување на социјална инклузија и работни места за луѓе со социјален ризик и долгорочно невработени лица.

Целна група, целно подрачје и локација

 

Целната група во проектот се 10 лица во социјален ризик, долгорочно невработени лица од различна етничка група

Крани корисници се стари лица, лица со попреченост и лица со деменција-Алцхајмерова болест и интелектуална попреченост со нарушена здравствена состојба кои имаат потреба од помош и поддршка во задоволување на секојдневните животни потреби и членовите на нивните семејства.

Проектот ќе биде реализиран на локално ниво во Град Скопје

Услугите ќе бидат испорачани во домовите на корисниците, односно старит лица

  Резултати

Р1. Обучени и сертифицирани 10 асистенти – негуватели/ки за нега во домашни услови или специјализирани центри.

Р2. Обезбедување на професионална нега во  домашни услови , центри за лица со деменција – Алцхајмерова и мали групни домови.

Р3. Вработување на лица со социјален ризик и долгорочно невработени лица од различни етнички групи преку обезбедување на социјални услуги во социјалното претријатие или специјалзирани центри.

Активност

Опис на активноста/инструментот што се употребува во проектот, нивото и формата. Потребни се доволно детали со сите познати податоци (пример: број на денови за обука, број на обучувачи, тиражи, страници, рубрики за организирање на постапките, за да се добијат планираните продукти и со тоа резултатите на проектот). Описот треба да објасни како ќе се спроведе активноста (пример: објавување огласи, анкетирање, селекција на кандидати, интервјуа, посети на терен, контакти со партнери/доставувачи).

Проектот ќе се фокусира на следните активности кои се од витално значење за спроведување на истиот.

А1. – Информативен состанок за започнување на проектот

А2. Отворен повик за 10 учесниците во обуката според посебната верифицирана програма за негуватели/ки за стари лица, алцхајемр деменции и попречености

А3. Обука за 10 учесници на 4 месечна обука (теотреска и практична настава) според псоебната верифицирана програма за образование на возрасните за стекување на професионални компетенции за нега во домашни услови

А4. Полагање и сертифицирање на учесниците од обуката според посебната програма

А5. Информативна сесија со сертифицираните учесници за можностите, начинот на вработување и нивен иден ангажман во социјалните сервиси

А6. Финален извештај и промоција на резултатите

Проектот е финасиран од:

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *