Социјално претпријатие ХуманаС  

Краток вовед за акцијата Здружението Хуманост почнувајќи од  мај 2019 година до 31 април 2020 година,  започна со спроведување на планот за поддршка на социјалното претпријатие ХуманаС, финансиран преку програмата за регрантирање на проектот Отвораме можности наменет за економското јакнење на Ромките преку создавање социјално претпријатие и интегрирање на партнери од локалните власти и невладиниот сектор, имплементиран од ХЕРА а финансиран од Европската унија. Опис на социјалното претпријатие: Нашето претпријатие ХуманаС е дел од социјалното претприемништво кое подразбира решавање на одредени недостатоци во општеството преку употреба на методи за правење на профит, кој подоцна ќе биде реинвестиран во бизнисот и во спроведувањето на активности со социјална бенефит. Нашето социјално претпријатие  ХуманаС претставува сервис за нега на стари лица во домашни услови (палијативна нега) без оглед на нивниот здравствен и социјален статус. Социјалната компонента е дополнително акцентирана со тоа што како вработени лица се јавуваат долгорочно невработени лица и лица во социјален ризик … Continue reading Социјално претпријатие ХуманаС