Социјално претпријатие ХуманаС  

Краток вовед за акцијата

Здружението Хуманост почнувајќи од  мај 2019 година до 31 април 2020 година,  започна со спроведување на планот за поддршка на социјалното претпријатие ХуманаС, финансиран преку програмата за регрантирање на проектот Отвораме можности наменет за економското јакнење на Ромките преку создавање социјално претпријатие и интегрирање на партнери од локалните власти и невладиниот сектор, имплементиран од ХЕРА а финансиран од Европската унија.

Опис на социјалното претпријатие:

Нашето претпријатие ХуманаС е дел од социјалното претприемништво кое подразбира решавање на одредени недостатоци во општеството преку употреба на методи за правење на профит, кој подоцна ќе биде реинвестиран во бизнисот и во спроведувањето на активности со социјална бенефит. Нашето социјално претпријатие  ХуманаС претставува сервис за нега на стари лица во домашни услови (палијативна нега) без оглед на нивниот здравствен и социјален статус. Социјалната компонента е дополнително акцентирана со тоа што како вработени лица се јавуваат долгорочно невработени лица и лица во социјален ризик (жени жртви на семејно насилство, самохрани родители, млади, припрадицни од различни етнички заедници). Претпријатието ќе биде водено од искусни лица кои  имаат познавање од работата со стари и и вонинституционална грижа, истите  во 2009 година ја започаа идеата во општина Аеродром пренесувајќи го искуството од Унгарија.  Вработените лица ќе бидат професионално обучени и сертифицирани од посебната верифицирана програма за негуватели/ки на стари лица  на Хуманост, се со цел обезбедување на  квалитетни и професионални услуги во домот на корисникот: одржување на домот, помош при секојдневните активности, применува основни здраствени и ергономски правила и процедури, психо-социјална поддршка и правна заштита. Сите овие услуги се насочени кон подобрување на здраствената и психо- социјалната состојба на корисникот со цел негово подолго останување во сопсвениот дом. Негователите покрај професионално давање на услугата ќе се водат според посебен проткол и стандарди за обезбедување на квалитетна услуга ориентирана кон корисникот и неговото семејство.

Мисија на социјалното претпријатие:

Подобрување на општествените процеси и состојби преку обезбедување на професионална грижа и нега на стари лица во домашни услови  и овозможување социјална инклузија и работни места за лицата во социјален ризик и долгорочно невработените лица.

Социјални и економски цели:

Социјални цели:

  • помош и подобрување на квалитетот на живот на старите лица
  • подолго опстојување во нивните сопсвени домови
  • вработување и еднакви можности ( за лицата во социјален ризик)
  • нивна социјална инклузија и социјална мобилност
  • реинвестирање на средствата во обуки за сертифицирање на нови негуватели и други социјални програми

Економски цели:

  • одржливост, стабилност и раст на претпријатието
  • профитабилност и рентабилност
  • квалитет на услугите
  • градење на долгорочни односи со клиентите
  • истражување и развој во социјалната сфера
  • висока продуктивност

Листа и категории на услуги кои ги нуди нашето претпријатие:

  1. Помош при оддржување на домот
  • Подготвување на работно место, набавка и приготвување на храна
  • Местење на кревет и оддржување на постелнина и облека
  • Одржување на хигиена во домот на старото лице
  1. Помош и поддршка во извршување на дневните активности на старите лица
  • Помагање при оддржување на лична хигиена
  • Подготвување на оброци и помагање при хранење
  • Помагање при облекување
  • Помагање при транспорт и престој надвор од домот
  1. Примена на основни здравствени правила и процедури кај старите лица
  • Идентификување на основни симптоми на болести карактеристични кај старите лица
  • Основни познавања на инфекции и прабилно изведува дезинфекција
  • Превземање на активности при постоење на болест кај старото лице по налог од стручно лице, лекар, медицинска сестра
  • Помагање при набавка и примање на редовна терапија
  • Користење заштитни средства и опрема
  1. Социјална заштита и психо-социјална поддршка на старите лица
  • Применување на просписи од системот за социјална заштита на стари лица
  • Воочување на промени во средината и однесувањето на старото лице во насока на избегнување на ризици од злоупотреби и заболувања
  • Поттикнување и оддржување на интелектуални и когнитивни моторни активности со цел да се поттикне самостојност кај старите лица
  • Комуникација, социјализација, активација

Активности

А1. Подготвителен информативен состанок

А2. Повик за 10 учеснички од ромска етничка заедница за обука- Асистент за нега на лица со деменција-Алцхајмерова болест и интелектуална попреченост

А3.  Обука- Асистент за нега на лица со деменција-Алцхајмерова болест и интелектуална попреченост

А4. Завршен испит

А5. Состаноци со бизнис заедницата

А6. Финален извештај и промоција на резултатите

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *