Сертифицирање на тимот ХуманаС од Демир Капија
ХуманаС го прошири својот тим со тоа што додели сертификати на нови 10 негуватели за помош и нега во домот во општина Демир Капија. Оваа активност е дел од проектот Подобрување на социјални услуги кој е финансиски подржан од Министерство за труд и социјална политика . Ќе следи втората фаза од проектот, а тоа е испорака на услугата на ниво на општина Д.Капија до 20 корисници од општината на кои им е потребна помош и нега во домот. Градоначалникот на општина Демир Капија Лазар Петров – Градоначалник на Општина Демир Капија се обрати кон идниот тим и го искажа своето задоволство за посветеноста на негувателите во текот на целата обука како и важноста да се испорача професионална услуга кон крајните корисници. Нашиот успех ќе се мери преку задоволството на корисниците истакна градоначалникот. Се грижиме – ППСУ / Kujdesemi – PPSS
Copy and paste this URL into your WordPress site to embed
Copy and paste this code into your site to embed