Сертифицирање на тимот ХуманаС од Демир Капија

ХуманаС го прошири својот тим со тоа што додели сертификати на нови 10 негуватели за помош и нега во домот во општина Демир Капија.
Оваа активност е дел од проектот Подобрување на социјални услуги кој е финансиски подржан од Министерство за труд и социјална политика . Ќе следи втората фаза од проектот, а тоа е испорака на услугата на ниво на општина Д.Капија до 20 корисници од општината на кои им е потребна помош и нега во домот.
Градоначалникот на општина Демир Капија Лазар Петров – Градоначалник на Општина Демир Капија се обрати кон идниот тим и го искажа своето задоволство за посветеноста на негувателите во текот на целата обука како и важноста да се испорача професионална услуга кон крајните корисници. Нашиот успех ќе се мери преку задоволството на корисниците истакна градоначалникот.

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *