Програма за Негуватели/ки за нега на стари лица

Обука на Негувател/ка за нега на стари лица

Главна цел на секторот за едукација е организрање на обуки за Негуватели/ки за нега на стари лица.

Краток вовед

Како резултат на процесот на демографско стареење се поголем е бројот на стари лица, кои имаат потреба од помош и нега во домашни услови. Искуствата покажуваат дека се поголем е бројот на семејства кои во обезбедувањето грижа и нега за своите страри и немоќи членови, имаат потреба од ангажирање на професионални и сертифицирани Негувател/ка за нега на стари лица.

Следејќи ги соверемените трендови Здружението Хуманост, ја верифицира програмата за негувател/ка за нега на стари лица која е верифицирана од страна на Цетарот за образование на возрасни со Решение број 09-48 и од страна на Министерството за образование и наука на Република Македонија со Решение број  12-1811.

Обуката се реализира од страна на стручни лица, со долгогодишно научно и практично искуство во секоја од предвидените модули, преку која учесниците можат да се стекнат со практични и теоретски знаења и вештини за ефикасна грижа на стари лица. По завршување на едукативниот дел, се врши проверка на стекнатите знаења и вештини, со што учесниците се стекнуваат со сертификат Негувател/ка за нега на стари лица.

Информации за обуката

  • По завршување на обуката учесниците ќе добијат сертификат за посетување на обуката за стекнатите вештини и компентенции „Негувател/ка за нега на стари“ кој што е признат од институциите кои ја верифицираа програмата како валиден документ.
  •  Обуката вклучува и материјали

 

Цел и програма за обука

Целта на обуката е стекнување на професионални вештини за грижа за стари лица и нивно сертифицирање.

Програмата се состои од 5 модули (преку теоретски, практичен дел и обука на работно место) :

Модул 1:  Помош при одржување на домот
Модул 2:  Помош и поддршка во  извршување на дневните  активности на старите лица
Модул 3:  Примена на основни здраствени правила и процедури кај старите лица
Модул 4:  Социјална заштита и психо-социјална поддршка на старите лица

Модул 5: Одржливост во домот

Времетраење на обуката е 4 месеци ( теорија, пракса, обука на работно место) или изразено во часови вкупно 300 часа обука.

За повеќе информации и наќин на пријавување следете на нашата веб страна www.asistenti.mk

 

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *