Посета на корисниците на услугите на сервисот за домашна нега
Денеска заедно со министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и претставници од граѓанската организација Хуманост посетивме семејство кое добива помош и услуги преку проектот Нега и грижа за стари лица во домашни услови на општината. Ова е проект на општина Центар, во соработка со граѓанската организација Хуманост. Сакавме да ја запознаеме министерката со успешниот проект, кој што општина Центар го спроведува веќе втора година. Со проектот се опфатени лица на кој им е потреба нега од трети лица. Со реализација на овој проект сакаме да покажеме дека општина Центар заедно со министерството за труд и социјална политика и Владата на РМ водиме грижа за овие лица кои се во поодминати години. Тоа се нашите родители и баби и дедовци кои се грижеле за нас и не направиле ова што сме денес. Овие проекти ќе ги прошируваме секоја година за да опфатиме што е можно поголем број на корисници … Continue reading Посета на корисниците на услугите на сервисот за домашна нега
Copy and paste this URL into your WordPress site to embed
Copy and paste this code into your site to embed