Повик за учество на обука за „Асистенти за нега на лица со деменција- Алцхајмерова болест и интелектуални попречености“

Здруженијата на граѓани Еко Логик и Хуманост го спроведуваат проектот “Инклузивен пазар на труд за одржлив развој на заедницата“. Како дел од горенаведениот проект здружението Хуманост организира обука за „Асистенти за нега на лица со деменција-Алцхајмерова болест и интелектуални попречености“ базирана на верифицирана посебна програма за образование на возрасните „Асистенти за нега на лица со деменција-Алцхајмерова болест и интелектуални попречености“ од страна на Министерството за образование и наука и Центарот за образование на возрасните. I.Цел на обуката: Програмата за подготовка на асистенти за нега на лица со деменција – алцхајмерова болест и интелектуални попречености има за цел да ги оспособи учесниците во програмата за давање на помош и поддршка на корисниците на услугите, со цел истите да постигнат свои лични достигнувања, односно самореализација, согласно нивните потреби и можности. Учесникот во обуката ќе се подготви за психолошка и социјална поддршка на корисниците на услугите, за поддршка во секојдневните активности и да … Continue reading Повик за учество на обука за „Асистенти за нега на лица со деменција- Алцхајмерова болест и интелектуални попречености“