До
Членовите на Здружението Хуманост
Врз основа на член 14 став 2 од Статутот на здружението Хуманост, како Претседател на здружението, поради фактот што во изминатиот период се настанати промени во здружението и престојните избори за нови вршители на функциите во самото здружение, акои се однесуваат на следните прашања :
- Статутни промени на Хуманост
- Избор на престседател на Хуманост
- Избор на членови на Извршен и Надзорен одобор
- Избор на Извршен директор
Но исто така ќе се разгледа и финасискиот и наративнот извештај за 2016 година.
ако Претседател на здружението Хуманост, свикувам седница на Собранието на здружението Хуманост, како би можело на седницата на Собранието да се разгледат горенаведените точки и да се се донесат соодветни одлуки и решенија по истите.
Седницата ќе се оджи на 22.08.2017 година, со почеток во 17.00 часот, во просториите на здружението Хумансот на ул. Призренска бр. 50/2, Скопје. На седницата ќе се расправа според следниот дневен ред:
- Регистрација и верификација на учесниците
- Отворање на Собранието и воведни обраќања
- Финансиски и наративен извештај за работењето на Хуманост во 2016 година
- Статутни промени на Хуманост
- Избор на престседател на Хуманост
- Избор на членови на Извршен и Надзорен одобор
- Избор на Извршен директор
- Завршни обраќања и затворање на собранието
За седницата ќе биде истакнато Соопштение во просториите на здружението.
На секој член за здружението, лично ќе му се врачи покана и да се потврди приемот на поканата.
Објава на официјалната веб страна на здружението.