Јавен оглас за пријавуавње за обука „Негувател/ка за стари лица “
Повик за изразување на интерес- експерт за изработка на студија
Јавен оглас за прибирање на понуди за набавка на маици и ранци со дигитален принт.
ВОСПОСТОВУВАЊЕ НА СОВРЕМЕНИ СОЦИЈАЛНИ УСЛУГИ ВО ЗАЕДНИЦАТА ВО ОПШТИНА ДЕМИР КАПИЈА”
Национална линија за психо-социјална поддршка за возрасни лица
Јавен повик за прибирање на понуди за набавка на пелени за возрасни
Јавен повик за прибирање на понуди за набавка на санитарни средства и течен сапун
“Sustainability Advisors: Discussing the potential for new green jobs among young people in Europe”,
Социјално претприемништво Старт уп – “Social Entrepreneurship Start -Up” (SESU)
Посета на корисниците на услугите на сервисот за домашна нега
Проектот “Центар се грижи за возрасните“ и следната година, со нови побогати содржини
______________________________
ОБВРСКА СЕГА! ЗА ДЕНОТ ПОТОА
На 07.11. 2017 се одржа настанот „ОБВРСКА СЕГА! ЗА ДЕНОТ ПОТОА“ на која се потпишаа барањата од граѓанскиот сектор од општина Центар од сите кандидати за градоначалнички места. Со потпишувањето на наведените барања, кандидатите за градоначалници прифаќаат, штом ја добијат довербата од граѓаните, да се формираат мешани работни групи од општинската администрација и организациите/индивидуите кои ги креирале барањата со цел да се изнајдат решенија за имплементација на самите барања во нивниот 4 годишен мандат. Хуманост упати барање во делот на социјална заштита и продолжување на проектот „Центар се грижи за возрасните“.
______________________________
Форум на невладини организации во рамки на Министерската конференција за стареење на УНЕЦЕ
За повеќе информации кликнете тука
______________________________
Покана за поднесување понуди за поддршка на мали проектни за здруженија на граѓани во земјата
За повеќе информации кликнете тука
______________________________
Годишно собрание на Хуманост
Седницата се оджа на 22.08.2017 година, со почеток во 17.00 часот, во просториите на здружението Хумансот на ул. Призренска бр. 50/2, Скопје. На седницата се расправаѓе според следниот дневен ред:
- Регистрација и верификација на учесниците
- Отворање на Собранието и воведни обраќања
- Финансиски и наративен извештај за работењето на Хуманост во 2016 година
- Статутни промени на Хуманост
- Избор на престседател на Хуманост
- Избор на членови на Извршен и Надзорен одобор
- Избор на Извршен директор
- Завршни обраќања и затворање на собранието
Вр основа на горенаведениот дневен ред донесени се следните одлуки:
- Претседател на Хуманост е Ивана Павловска
- Извршен директор е Сашко Јованов
- Нови членови на Управниот одбор се: Елена Ѓоревска и Воислав Груевски
- Нови членови на Извршниот одбор сеЧ Моника Лукровска и Станка Божиновска
- Новиот назив на здружението гласи: Здружение за поддршка и развој ХУМАНОСТ
- Статутарни промени во делот на целите, дејноста, долгиот назив, структурата, сектори и сл.
______________________________
На 19.07.2017 на прес конференција беше презентирана надградена верзија на „План за итни демократски реформи“ кој првично беше создаден во 2016 година. Со оглед на променетите околности, граѓанските организации го ревидираа и надградија првичниот план, со кој предвидуваат 14 области за итни демократски реформи.
За повеќе информации кликнете тука
______________________________
Социјалното претпријаите ХуманС на Хуманост (Скопје), е добитник на еден од 10-те грантови кои ќе ни помогне во развивање на нишиот бизнис план во рамки на проектот „Смарт Стар“ раководен од ЦИКМ. Покрај грантовите, ЦИКП ни овозможи и менторска поддршка од компанијата Адора Инженеринг.
Повеќе за настанот кликнете тука
Видео од самиот настан кликнете тука
Повеќе инфо за нашето социјално претпријатие кликнете тука
______________________________
Во периодот од Јуни до Септември е во тек обука од верифицираната програма „Негувател/ка на стари лица“ која е во рамки на проектот „Зајакнување на Ромките преку формирање социјално претпријатие (Empowering Roma women trough social enterprise creation) “ на здружението Х.Е.Р.А, а во партнерство со Хуманост.
______________________________
Можете да го погледнете нашето гостување на Утринска на Телма каде зборуваме за нашиот тековен проект во соработка со Општина Центар „Центар се грижи за возрасните”. Дел од нашите негуватели го споделуваат нивното искуство од терен.
Видеото можете да го погледнете тука
______________________________
Иницијален состанок за проектот: “Креирање на можности за нови вработувања на жената“
На 21.02.2017 година, во просториите на Црвен крст на Република Македонија се одржа првиот иницијален состанок за проектот: “Креирање на можности за нови вработувања на жената“ во рамки на Оперативната програма за развој на човечки ресурси 2007-2013 (ИПА Компонента 4), финансиран од Европската Унија кој ќе се имплементира во партнерство со Здружението Хуманост, Скопје и Австрискиот Црвен крст.
Состанокот го отворија Генералниот секретар на Црвениот крст на Р.М, г-дин. Саит Саити и г-дин. Сашко Јованов, претставник од Здружението Хуманост, кои во своето обраќање истакнаа дека проектот претставува придонес кон реализација на националните стратегии за вработување и стратегијата за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост во Република Македонија и е потврда за развој на социјални програми за поддршка на ранливите целни групи во насока на подобрување на нивната конкурентност на пазарот на трудот. Преку овој проект ќе се зголеми интеграцијата на долгорочно невработените жени(40) над 40 годишна возраст на пазарот на трудот. Со проектот ќе се придонесе да се развие и верификува програма за обука за негуватели за грижа на стари лица во домашни услови, како и да се развијат знаења и вештини на долгорочно невработени жени за обезбедување на мобилни социјални услуги за стари лица во нивите домови.
Учество и излагање на состанокот имаа и Ленче Коцевска, државен советник на Министерство за труд и социјална политика и Павлина Костовска – Грујоска, советник во Центарот за вработување на град Скопје. На состанокот беа присутни неколку претставници од членките на мрежата “Инклузива М“ за социјална инклузија на стари лица, како и претставници од медиумите.
Во отворената дискусија од страна на присутните на состанокот беше поздравена иницијативата и особено потребата од развој на програмите за обука на негуватели на стари лица, во насока на подобрување на конкурентноста на пазарот на труд на целната група. Истовремено го истакнаа и значењето за обезбедување на едуциран кадар кој квалитетно ќе испорачува соодветни услуги на старите лица.
Младински размени реализирани во периодот Мај- Декември 2016
______________________________
– Bonzai (17.11-26.11.2016) Akcakoca Turkey
– Move Your Body (16.09-24.09.2016) Izmir, Turkey
– Reade for a Bright Future (03.09-10.09.2016) Karabuk, Turkey
– Effective Multicultural Team (26.08-03.09.2016) Akacoka, Turkey
– Lets Hag Each Other )1.08-07.08.2016) Akackoca, Turkey
– My Future )18.07-25.07.2016) Vidin, Bulgaria
-Somebody told Yoga (07.07-14.07.2016) Bolu, Turkey
– Right to be Me (25.06-06.07.2016) Helsinki, Finland
______________________________
ОГЛАС ЗА платен РАБОТЕН АНГАЖМАН
За повеќе информации кликнте тука
______________________________
Превземени мерки и активности од страна на граѓанските организации во рамки на (МIPPA/RIS)-финализирање на извештајот од граѓанските организации
Втора работилница
На 31 октомври 2016 година во Холидеј Ин, се одржа и втората работилница за членките на ИнклузиваМ за придонеосот на граѓанскиот сектор во имплементација на Мадридскиот меѓународен акционен план за стареење и Регионалната стратегија за имплементација (MIPAA/RIS) 2002.На оваа работилница се разгледаа превземени мерки и активности од страна на организациите членки на ИнклузиваМ во рамки на (МIPPA/RIS)- и се финализираа истите пред да се достават до националниот координатор за подготовка на извештајот од Македонија. Хуманост го подготви својот зивештај за превземените мерки иактивности. Настанот беше поддржан од УНФПА.
______________________________
Инфо точка Хуманост
Поддржано од
За повеќе информации кликнете тука
______________________________
Мониторинг на акциски и планови од локалните стратегии стратегии на општина Центар
Поддржано од
За повеќе информации кликнете тука
______________________________
Планирање на семејство и здрава бременост
Поддржано од
За повеќе информации кликнете тука
______________________________
Работилница за членките на ИклузиваМ
Подготовка на извештај за имплемнтација на МIPAA/RIS
За повеќе инфомации кликнете тука
______________________________
Обука на членките на мрежата ИнклузиваМ за застапување базирано на докази и дефинирање на приоритетните области за истражување
За повеќе инфомации кликнете тука
______________________________
Одржан Национален состанок на мрежата на граѓански организации за социјална инклузија на старите лица
За повеќе инфомации кликнете тука
______________________________
Национален состанок на мрежата на граѓански организации за социјална инклузија на старите лица
За повеќе информации кликнетe тука
______________________________
Помош на граѓанските организации (ГО) во стекнување на лиценци за обезбедување на социјални услуги – исполнување на стандардите за квалитет во Југоисточна Европа
Поддржано од
ИРИС Мрежата за подобрување на социјалните услуги во ЈИЕ
За повеќе информации кликнетe тука
______________________________
Асистенти за нега на стари лица во домашни услови
Поддржано од
За повеќе информации кликнете тука
______________________________
Младинска рамена „Размислувај без граници“
Youth Exchange „Think Big“
За повеќе информации кликнете тука
______________________________
Проект за социјална инлузија на старите лица
Повеќе информаци за проектот кликнете: Македноски, Англиски
______________________________
Youth Exchange „Stop techno addiction in Turkey
Read more here
______________________________
Оглас за пријавување за обука
Здружението Хуманост во соработка со сервисот за грижa на стари лица “Нeга плус”-Х.Е.Р.А.- објавува оглас за пријавување за “Обука за Асистент за грижа на стари лица во домашни услови”.
Информации за обукатa
Времетраење: 4 месеци за 6 модули (теорија 210 часа или 35 дена, пракса 180 часа или 30 дена и обука на работно место 90 часа или 15 дена)
* По завршување на обуката учесниците ќе добијат сертификат за посетување на обуката- Асистен за грижа на стари лица во домашни услови.
* Обуката е бесплатна
Превземете го Оглас за бесплатна обука-Асистенти за нега на стари лица
______________________________
Обука Асистенти за нега на стари лица во домашни услови во Пехчево.
Здружението Хуманост во периодот од Октомври до Декември 2015 година, ќе ја спроведе обуката „Асистенти за нега на стари лица во домашни услови“ од верифицираната програма во Пехчево. Обукатa е финасиски подджана од УНДП, дел од проектот „Одржливи вработувања 4“, програма општинско -корисна работа. 2o учесници од Пехчево и Берово, кој се дел од оваа програма ќе бидат дел од овој циклус на обука и истите ќе се стекнат со професионални вештини за нега на стари лица во домашни услови
______________________________
Оглас за пријавување за обука„ ЛОТ 16- Обука за Асистент за грижа на стари лица во домашни услови“
Почитувани,
Агенцијата за вработување(АВРМ) во рамки на проектот финасиран од ЕУ „Поддршка за вработување на млади лица, долгорочно невработени и жени (II), ќе организира и имплементира обуки за вештини побарувани на пазарот на трудот.
Услов за пријавување на обуките е лицата да се активни баратели на работа подолго од една година, пријавени во АВРМ. Истите невработени лица треба да појдат во АВРМ да потполнат формулар за присуство на обука, каде ќе специфицираат за обуката која што скааат да присуствуваат, во нашиот конкретен случај за присуство на сертифицираната обука :
ЛОТ 16- Обука за Асистент за грижа на стари лица во домашни услови
За подетални информации околу пријавувањето за обуката може да не контактирате на тел. 077 963 672 или на меил: edukacija@humanost.org.mk
______________________________
Иако во нашиот донаторски календар ним им го посветивме месец јули, грижата за сениорите никогаш не треба да престане. Обрати се во Хуманост и донирајте паметно.
______________________________
Хуманост од 15 до 18-ти јуни во Риека, Хрвтска, беше дел од првата ИРИС Академија 2015. Членките на ИРИС мрежата од Македонија, Хрватска Босна и Херцеговина, Србија, Албанија, Косово и Црна Гора во оваа прва акдемија ги зајакнуваа капацитетите преку промовирање на позитивни примери со организациите кои работат во давање на социјални услуги како и промовирањето на социјалното претприемништво како идна успешна алтка за социјален бизнис.
______________________________
Хуманост со 12 учесници од младиската програма од 01.06 до 11.06 беше партнер организација на младиската размена “Sense of Community” во Финска.
______________________________
Хуманост во месец Април со свои претставници беше партнер организација на трениг курсот за „Социјлани претпријатија“ кој се одржа во Трофајак, Австрија. На овој трениг курс кој беше организиран од Арт Маин (организација од Австрија) учесниците се запознаа со базични информации за отварање и фунционирање на социјалните претпријатија и воедно беа посетени и успешни претпријатија и дом за стари лица во Австрија.
______________________________
Креирање на можности за работа за жртвите на семејно насилство во Скопје (Creating job opportunities for victims of domestic violence in Skopje )
Здружението Хуманост како партнер организација во проектот „Креирање на можности за работа за жртвите на семејно насилство во Скопје“ (Creating job opportunities for victims of domestic violence in Skopje ), ќе ја спроведе активност 2, односно четри-месечна обука за Асистенти за нега на стари лица во домашни услови. Обуката ќе им овозможи на 10 учеснички, жртви на семејно насилство да се стекнат со професионални практично и теоретско знаење за нега на стари лица во домашни услови. По завршувањето на обуката учесниците ќе полагаат и ќе се стекнат со сертификат за работа како Аситенти за нега на старите лица во домашни услови. Обуката ќе се сроведе од страна на професионалци обочувачи од Хуманост. Здружението H.E.R.A., овој проект ќе гореализира од 01.01.2015 до 31.10.2015 и го реши воедно и недостатокот на можности за вработување за жртви на семејно насилство, како и недостаток на пристап до услуги за нега на старите лица во домашни услови во Скопје. Работејќи на оваа заедничка цел, Х.Е.Р.А. ќе отвории социјалнo претпријатие каде што жртви на семејно насилство од Скопје, учесници во проектот и обуките ќе бидат ангажирани како Асистенти за нега на стари лица во домашни услови , односно планирано е да се офатат околу 20 стари лица кои живеат во општина Центар и кои ќе имаат корист од услугите кои ги нуди ова ново општествено социјално претпријатие. Проекто на Х.Е.Р.А е финасиски поддржан од Амбасадата на САД во Македонија.
______________________________
Во месец јануари 2015 година, домот за стари лица ТЕРЗИЕВА со техничка поддршка на Хуманост, ја реализираа и првата Интернационална размена на возрасни лица дел од програмата на веб платформата LinkedAge, однсоно корисник на услугите од домот за стари лица ТЕРЗИЕВА, Македонија, го смени својот кревет со корисник од Словенија, од домот за стари лица ДОСОР. Оваа програма на LinkedAge овозможува мобилност на возрасните лица и промовирање на активнсото стареење.
Во месец декември 2014, Хуманост како дел од иницијативниот одбор го потпиша Меморандумот за соработка за форимарње на неформалната ИРИС-МК мрежа за унапредување на социјални услоги во Р.Македонија.
Во месец декември 2014, Хуманост по втор пат го поддржа и присуствуваше со група од стари лица на “Балот на различностите” организиран од Здружението Дајте ни крилја од Скопје
Во месец ноември 2014 Хуманост беше дел од дво -дневната работилница на тема “Политики за стареење во Македонија ” организиранa од канцеларијата на Фондот за население на Обидинетите нации (УНФПА) во Македонија
Хуманост во месец октомври 2014 беше дел од тренингот „Ефикасно управување-подобри услуги во организација на ИРИС мрежата, главната цел на овој тренинг е градење на капацитетите на граѓанските организации кои нудат социјални услуги во Македонија и Албанија
ПУСЗ Терзиева и Здружението Хуманост во месе јуни организраа хуманитарен продажен базар за подршка на Дарко.
”Дарувај книга-дарувај пријател” e дел од проектот “Скопје се буди” кој на територијата на Град Скопје го спроведува Здружението Хуманост без Граници и со поддршка на Здружението Хуманост собраните книги беа доделини на корисниците на ПУСЗ Терзиева
Од месец април 2014 година Хуманост го смени седиштето на нова локација на ул. Призренска бр.50/2.
Хуманост како членка и секретаријат на МАКЕДОНСКА ПЛАТФОРМА ПРОТИВ СИРОМАШТИЈА, го поддржа Маршот против сиромаштија, кој се одржа во март, 2014 година, под мотот 5 до 12, #5до12
Здружението Хуманост ја поддржа иницијативата на неформалната група пензионери од Битола за финансиска поддршка на стечајните работници со нерешен социјален статус.