И ние сме креативни

                  Проектот е поддржан од: Здружението Хуманост со поддршка на Домот за стари лица „ТЕРЗИЕВА“  го реализира проектот „И ние сме креативни“. Со овој проект се предвидени креативни и тематски работилници секој месец за изработка на различни предмети кои се во согласност со планот и програмата на активностите во домот ТЕРЗИЕВА. Со работилниците старите лица ќе имаат можност да ја истакнат својата креативност преку изработка на најразлични предмети од стакло, глина, пластика, керамика, хартија и други материјали. По изработка на предметите ќе се организираат различни тематски базари  каде што предметите ќе се продаваат. Со собраните финансиски средства од  базарите согласно одлуката на старите лица  ќе бидат искористени за натамошни работилници или истите ќе бидат донирани.