Бесплатни информативни ВЕБИНАРИ

    Почитувани, Сите оние кои имате 65+ и сите оние кои сте на прагот на третото доба: Здружението Хуманост во соработка со Канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА во Северна Македонија, Ве покануваат на заедничко “ОНЛАЈН ДРУЖЕЊЕ” на кое ќе зборуваме за тоа КАКО ДА СЕ ГРИЖИТЕ ЗА ВАШЕТО МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ И КАКО АКТИВНО ДА СТАРЕЕТЕ, и покрај тоа што живееме во време на Пандемијата предизвикана од вирусот КОВИД-19. Нашата мисија е да Ви помогнеме да ја откриете “пошироката слика” која води до подобар квалитет на живот, да ги преиспитате животните вредности, да се насочите кон целите кои Ви се важни и да ги разгледаме начините на кои можете активно и корисно да го исполнувате Вашето слободно време. 👉👉ОДРЖУВАЊЕТО ФИЗИЧКА ДИСТАНЦА НЕ ЗНАЧИ СОЦИЈАЛНА ИЗОЛАЦИЈА НА СТАРИТЕ ЛИЦА! 📢ВАЖНО: Сите дружења ќе се одвиваат преку ЗOOM платформата. Затоа Вие помладите кои се грижите за Вашите … Continue reading Бесплатни информативни ВЕБИНАРИ