 ДобредојдовтеПостоењето на Здружение за унапредување на условите за грижа и сместување на стари и изнемогнати лица „ХУМАНОСТ“ е иницирано од група граѓани, сегашни членови на Здружението, врз основа на идентичноста на нивните уверувања и хуманитарни погледи во однос на постоењето на потребата за унапредување на условите и можностите за остварување на грижа за стари и изнемогнати лица на територијата на град Скопје и пошироко во Земјата.
- Телефонски број за донирање на VIP: 077 143 434 и на T-Mobile: 070 143 434
- Жиро сметки за донации
- НЛБ Тутунска Банка: 210-0526050701-44
- УНИ Банка: 240-0100018744-08
- ИК Банка: 270052605070151
Цели и задачи
- Работење врз унапредување на формите на остварување на грижата кон стари и изнемогнати лица со отварање на Центар за давање нега во домашни услови и помош на нивните семејства, грижа, помош и давање нега во домашни услови на лица во терминална фаза од својот живот палијативна нега, за нив и нивните семејства.
- Унапредување на условите за грижата и лекувањето на лица со зависности односно пронаоѓање институции за нивно прифаќање и давање соодветна терапија и нивно адекватно и соодветно лекување и третман и доколку се јави потреба за отварање на Центар за нега и помош на лица со зависности.
Програма
Здружението ќе ги остварува своите цели и задачи преку:
- Постојано следење на состојбата на условите за грижата кон стари и изнемогнати лица по пат на анкетирање и прибирање податоци на граѓаните и соодветните институции ангажирани во работата на оваа проблематика.
- Изготвување на анализа за конкретниот начин за унапредување на условите за грижата кон стари и изнемогнати лица, а тоа по пат на ангажирање на стручни лица од областа на остварувањето на грижата кон стари и изнемогнати лица врз основа на која анализа ќе се изготви план во кој ќе се предвидат конкретни форми на унапредување на условите за грижата кон стари и изнемогнати лица.
- Целосно и објективно информирање на јавноста за состојбата на условите за грижата кон стари и изнемогнати лица, а тоа по пат на учество во емисии на електронските медиуми и по пат на објавување на написи во печатените медиуми.
- Превземање на соодветни активности пред органите надлежни за нормативно регулирање на прашањето на создавање на условите за грижата кон стари и изнемогнати лица, а тоа по пат на давање на соодветни предлози за промена на постоечката регулатива или за донесување на нова.
- Прибирање на материјални средства за остварување на напред наведените активности и за конкретни акции за подобрување на условите и грижата кон стари и изнемогнати лица, преку организирање на разни акции за прибирање на материјални средства по пат на доброволни прилози.
- Доделување на материјална помош на институции и субјекти кои конкретно се занимаваат со остварувањето на грижата кон стари и изнемогнати лица.
Новости
Неопходноста од хуманоста за проширување на проектот и во другите општини, ја потенцираа Асистентот на координаторот на проектот Сашко Јованов и Соработникот за односи со јавноста Ивана Стојановска на ден 24.07.2009 година во утринската емисија „Добро Утро Македонијо“ на Радио Скопје.
Во емисијата „Добро Утро Македонијо“ на МТВ на 03.08.2009 година гостуваа Асистент на координаторот на проектот Сашко Јованов и Соработник за односи со јавноста Ивана Стојановска. Во емисијата беше укажана на подршката од страна на градоначалникот на Општина Чаир за спроведување на проектот и во Општина Чаир.
Во емисијата „Здраво Македонијо“ на Kанал5 телевизија на 09.07.2009 година гостуваа асистентот на координаторот на проектот Сашко Јованов и соработникот за односи со јавноста Ивана Стојановска. Целта на гостувањето е апелирање до сите граѓани, подржувачи на овој хуманитарен проект да донираат за понатамошна и проширена мрежа на корисници.
Во емисијата „Рано ден“ на А1 Телевизија, на 02.07.2009 година изјави дадоа Социјалниот работник од Сервис за давање нега во домашни услови Јана Поповска, психологот Георгиевска Магдалена и д-р Билјана Јанчева. Социјалниот работник ја истакна неопходноста од неговата улога за утврдување на специфичните потреби од социјална заштита на секој корисник.
Со цел запознавање на граѓаните за хуманитарниот проект,како и за неопходното донирање на телефонските броеви 077/143-444 070/143-434, на 26.06.2009 година во емисијата „Портик“ на Алфа Телевизија гостуваа асистентот на координаторот на проектот Сашко Јованов и соработникот за односи со јавноста Ивана Стојановска.
На 19.06.2009 година во емисијата „Добро утро Македонијо“ на МТВ1 гостуваа координаторот на проектот „Сервис за давање нега во домашни услови“, г-ѓа Мери Терзиева и д-р Билјана Јанчева. Целта на гостувањето е информирање за потребата од Сервисот и услугите што ги нуди самиот сервис составен од доктори, медецински сестри, физиотерапевти, негувателки, социјален работник и психологот.
На 08.04.2009, 09.04.2009, 10.04.2009 година беа одржани обуките за негователки (геронто-домаќинки) за работа во центар за давање помош во домашни услови. Обуката беше спроведена од страна на ЈУ Заводот за социјална дејност, за потребите на Здружение за унапредување на условите за грижа и сместување на стари лица "Хуманост"- Скопје.
На ден 11.04.2009 година беше одржана обука на стручните кадри. Предавањето беше спроведено од страна на ЈУ Завод за социјална дејност, за потребите на НВО Хуманост.
Теми на предавањето:
1. Воспоставување на контакт старо лице-семејство
-Проценка на потребите на старо лице-семејство
-Подршка на старо лице од семејство
-Проценка на потреби и социјални услуги
-План за работа
-Извештај за остварени активности
-Мониторинг и евалуација
2.Тимска работа
-Комуникација
Беше одржана и промоција на проектот Сервис за давање помош во домашни услови реализиран од страна на НВО Хуманост.
На 04.04.2009 година беше одржана обука на стручните кадри организирана и координирана од страна на ЈУ Заводот за социјални дејности, за потребите на Здружението за унапредување на условите за грижа и сместување на стари лица "Хуманост" Скопје.
Теми на предавањето:
1.Системот на заштита на стари лица во Р.Македонија
2.Промените кај старите лица и форми на вонинституционална заштита:
-дневен центар за стари лица
-центар за давање помош во домашни услови
ПроектиПостоењето на Здружение за унапредување на условите за грижа и сместување на стари и изнемогнати лица „ХУМАНОСТ“ е иницирано од група граѓани, сегашни членови на Здружението, врз основа на идентичноста на нивните уверувања и хуманитарни погледи во однос на постоењето на потребата за унапредување на условите и можностите за остварување на грижа за стари и изнемогнати лица на територијата на град Скопје и пошироко во Земјата.
Проектот е подржан од: 
Здружението за унапредување на условите за грижа и сместување на стари и изнемогнати лица „ХУМАНОСТ“ од Скопје, од Јануари 2010 ќе започне со реализација на проектот „ГОЛЕМИ И МАЛИ“ со финансиска поддршка од Холандска амбасада
Проектот ќе се реализира со времетраење од една година, во детските градинки „Снежана“ (општина Чаир) и „25 Мај“ (општина Гази Баба). Проектот „Големи и Мали“ е наменет за децата од големите групи и 60 стари лица над 65 години.
Два пати во месецот ќе се одржуваат креативни и тематски работилници кои се во согласност со планот и програмата на градинките и ги покриваат темите од секојдневниот живот на децата и возрасните.
Целта на овој проект е негување на традиционалните и морални вредности и зајакнување на социјалните врски помеѓу децата и старите лица.
Проектот ќе биде реализиран од професионалниот тим на НВО „Хуманост“
Пилот проект „Сервис за давање нега во домашни услови“ заврши во месец Септември 2009 год.
Соопштение за проектот "Сервис за давање на помош во домашни услови" реализиран од Здружението за унапредување на условите за грижа и сместувањето на стари и изнемоштени лица
Здравјето е најважен атрибут во животот на човекот и основен услов за извршување на секојдневните активности, работните задачи и среќен живот.
Ве известуваме дека на подрачјето Скопје, општина Аеродром од 13.04.2009 година, почна да се реализира проектот "Сервис за давање на помош во домашни услови", наменет за стари лица над 65 години, лица во терминален стадиум на болеста и нивните семејства.
Заради зголемување на должината на здрав живот на старите лица над 65 години, сервисот за давање на помош во домашни услови е насочен кон оптимално задоволување на основните животни потреби на старите лица.
Сервисот го сочинува професионален тим составен од десет негователки (геронто-домакинќи), два доктори, две медецински сестри, два физиотерапевти,еден психолог и еден социјален работник.
Услугите и негата што ги пружа сервисот се бесплатни!!!
За понатамошна одржливост како и за проширување на бројот на корисници е неопходна ХУМАНОСТА која може да се дава преку броевите:
Vip 077/143-434
T-mobile 070/143-434
Поддржувачи на проектот
Секое старо лице има право...Со него да се постапува како со личност на која и се почитуваат основните човекови права.
Со него да се постапува како со жив човек.
На независност, односно до достапност до соодветна здрава храна, чиста вода, сместување, облека и осигурување за здравствена заштита.
На семејна подршка и подршка од заедницата.
Само да одлучува за постапките кои ги превзема, се додека е во можност да се грижи сам за себе.
На живот во сигурна средина, која може да се прилагоди на личните потреби и променети способности.
Да живее во сопствениот дом се додека неговата функционалност тоа му го овозможува.
Да биде општествено активно, односно да учествува во креирањето на политиката, што директно влијае на неговата благосостојба, или да се организира и да членува во одредени движења или заедници.
На непречен пристап кон социјалните и законодавните служби поради подобрување на самостојноста, заштитата и грижата.
Користење на соодветни видови на институционална и вонинституционална грижа.
Со него да се постапува без да се врши дискриминација на неговата личност по било кој основ, возраст, пол, раса, етничка припадност, инвалидност и др.
Да биде почитувано независно од неговиот економски придонес.
На надеж и нега, од оние кои можат да ја дадат.
На негова лична заштита и заштита на неговото семејство.
ДА БИДЕМЕ ХУМАНИ!!!
ДА ДОНИРАМЕ НА БРОЕВИТЕ 070/143-434 и 077/143-444!!!
НИКОГАШ НЕ Е ДОЦНА ДА СЕ БИДЕ ХУМАН!!!
* Преземено од Заводот за социјални дејности *
Како да ни помогнете на нас старите?-Јас сум старо и (изнемоштено) лице...
- Немој да ме избегнуваш. Сакам да ме сакаш и да ми бидеш пријател каков што си бил отсекогаш.
- Ако сакаш да направиш нешто за мене, понекогаш е доволно да знам дека можам да се потпрам на тебе и дека постоиш.
- Смеј се и плачи со мене. Немој да се плашиш да ги споделиш твоите емоции со мене.
- Извести ме пред да ме посетиш, но немој да се плашиш да ме посетиш. Немој да претпоставуваш дека староста и изнемоштеноста бараат мирување и изолираност. Напротив потребeн си ми, затоа што сум сам и ми е потребна комуникација.
- Допри ме. Едноставен допир на подршка или стисок со рака може да ми покаже колку се грижиш за мене и колку ти ззначам. Така нема да се чувствувам осамен.
- Погрижи се за мене, и кога живеам сам и кога живеам со други. И на оние кои се грижат за мене им е потребно слободно време, време за себе и време за нивните обврски.
- Изнеси ме надвор од домот, придружувај ме на прошетка. Потребна ми е разонода, но внимавај колку можам да поднесам.
- Донеси ми мали подароци и цвеќе.
- Зборувај со мене за вистинскиот живот , животот во кој јас живеам, животот во кој ти живееш. Така ќе останам вклучен во се она што се случува.
- Помогни ми да се чувствувам убаво во однос на мојот изглед.
- Донеси ми позитивни ставови и мислења. На мене ми се потребни. Тоа ме исполнува.
- Запомни дека без разлика на тоа како изгледам и како се чувствувам јас сум сеуште јас.
ЈАС СУМ ЛИЧНОСТ!
* Преземено од Заводот за социјални дејности *
Контакт
Адреса: ул. Владимир Комаров б.б.
1000 Скопје, Република Македонија
Телефони:
02/ 2455-277 и 077/ 963-672
E-mail: contact@humanost.org.mk
Локација:

|